Хрватскиот центар за социјални иновации и одржлив развој ќе ја стартува првата хрватска crowdfunding платформа за претприемачи, Croinvest.eu и првата B2B и B2C извозна е-продавница, CroMall.
CroMall е првата хрватска business-to-business (B2B) и business-to-customer (B2C) е-продавница насочена на промовирање и поврзување на хрватските производители со странство. Секој домашен претприемач преку платформата ќе може бесплатно да отвори сопствена е-продавница и самостојно да ја уредува. Платформата ќе биде активна кога најмалку 100 домашни фирми ќе отворат PayPal сметка.
Croinvest.eu е првата хрватска crowdfunding платформа за финансирање на претприемачки, инфраструктурни и општествено корисни проекти со посебен акцент на проекти кои конкурираат за ЕУ фондовите.
Crowdfunding или групно финансирање е алтернативен пристап за обезбедување на капитал за различни видови на проекти. Подразбира јавно претставување на проектот во кој поголем број граѓани вложуваат помали суми на пари, за што можат да добијат одредени погодности или профит.