НАТО инвестира една милијарда евра во воено технолошки истражувања

75

НАТО ќе отвори фонд за иновации со буџет од една милијарда евра за поттикнување на технолошкото истражување за воени цели.

Ова го изјави генералниот секретар на таа организација Јенс Столтенберг на самитот во Мадрид.

Лидерите собрани на самитот на НАТО во Мадрид се согласија да создадат фонд, изјави Столтенберг на последниот ден од состанокот, пренесе Ројтерс.

„Се договоривме да формираме нов фонд за иновации од една милијарда евра“, рече Столтенберг на прес-конференцијата.

Мултинационалниот фонд треба да ги обедини владите, приватниот сектор и академската заедница за да ја зајакне технолошката предност на НАТО, соопшти организацијата, пренесе британската агенција.