Научете да го читате говорот на телото кај луѓето

114

govor-na-telo

Фото: Pixabay

Во комуникацијата со другите постојано испраќаме и примаме бројни невербални и несвесни сигнали преку т.н. говор на тело.

Читањето на говорот на телото не е егзактна наука, но како што пишува Business Insider, преку овие трикови може да откриете какви “зборови” ви испраќа соговорникот.

Подигнување на веѓи

Грижа, изненаденост или страв може да предизвика дигање на веѓите. Ако некој ви даде комплименти за вашата нова фризура или облека со дигнати веѓи, тоа може да е неискрено.

Гледање во очи

Кога ќе погледнете некого во очи, може да доживеете позитивно или негативно чувство. Странец може да предизвика страв, додека зјапањето од љубовник може да предизвика романса. Ако некоја личност ве гледа во очи премногу долго, тогаш може и да ве лаже.

Вкрстени нозе

Психолошки, вкрстените нозе се сигнал дека личноста е ментално, емоционално и физички затворена, што може да значи дека е мала веројатноста да попушти во преговорите. Тресење на нозете е сигнал на вознемиреност и нервоза.

Насмевка

Кога се смеете искрено, околу очите се прават брчки, доколку глумите – тогаш ги нема. Кога некој го прифаќа вашиот хумор, најверојатно е заинтересиран за вас.