Научете како да се самоконтролирате

53

glava

Фото: Pixabay

Способноста да ги управуваме нашите емоции и да воведеме самоконтрола е основата на емоционалната интелигенција и клучен индикатор за личниот и професионален успех.

Плановите за заштеда за во пензија, да ослабеме или да учиме за испитите, често пропаѓаат кога ќе се појави нова “играчка“, вкусно колаче или вечера надвор со пријателите. Често сме свесни дека долгорочниот поглед ќе ни послужи подобро на нашите интереси и евентуално ќе ни обезбеди поголеми награди.

Но, што ако сме импулсивни по природа? Дали тоа значи дека сме проколнати на просечен живот и мали достигнувања?

На луѓето со мала контрола на импулсите не им недостасува интелигенција. Како пример може да ни послужи Стив Џобс, бидејќи неговата импулсивност го направи добар претприемач.

Еве три совети кои ќе ви поминат како да се справите со имплусите и да развиете поголема самоконтрола.

1. Опкружете се со луѓе кои имаат виско развиена самоконтрола

Истражувањата покажуваат дека индивидуалците со мала контрола на импулсите имаат тенденција да бараат и да се опкружат себеси со луѓе кои имаат поголема самоконтрола. Здружувањето со некој што има поголема дисциплина, може да биде ефективна стратегија за исполнување на големите цели.

2. Дистанцирајте се од самите себе

Истажувањата од Универзитетот во Мичген покажуваат дека учесниците во студијата кои употребиле интроспективно само-обраќање пред некој настан, зборувајќи за себеси во второ или трето лице, доживеале помал стрес во социјалните ситуации и можеле полесно да ги совладаат негативните емоции. Следствено на тоа, останатите луѓе ги восприемиле како поуспешни од останатите. Затоа мала дистанца од самите себе може да го елиминира искушението да се задржи добрата идеја кога е потребно јавно излагање.

3. Искористете го ефектот на Нов почеток

Колку повеќе се одалечуваме од нашата комфорт зона и почнуваме да правиме нови и различни работи, толку повеќе ја зајакнуваме когнитивната способност да ги контролираме импулсите и да правиме подобри одлуки.