Научете правилно да одите по мраз и да знаете како да паднете

56

Зимата ја окова целата земја во снег и мраз, па голем број луѓе се соочуваат со проблем како да стигнат до своето работно место или пак до посакуваната дестинација без да се лизнат и да паднат. Најдобро ќе се заштитите доколку научите како правилно да одите по мразот и во крајна линија да научите како правилно да паднете, доколку не можете да ја избегнете “блиската средба“ со замрзнатата улица.

sneg-1

Британскиот авантурист Дејвид Хемплеман Адамс поминува доста време одејќи по снег – тој беше првиот човек што ги освои Северниот и Јужниот пол, како и првиот човек што се искачи на највисоките врвови на сите седум континенти. Тој нуди неколку корисни и практични совети за одење по подмрзнати и улици прекриени со снег.

Одење како пингвин

Доколку улицата е замрзната и прекриена со снег, тогаш се препорачува да одите со мали чекори, а телесната тежина мора да биде најдобро распоредена по целата површина на стапалото. Доколку снегот е влажен и мек, најдобро е да газите по туѓи стапки. Ако станува збор за подлабок снег, одете така што прво ќе згазнете со петата, а потоа со прстите. На тој начин нема да дозволите ногата да ви се лизне.

Проценете за каков снег станува збор

Праксата покажува дека луѓето повеќе паѓаат на снегот, неколку дена потоа, одошто во моментот кога врне. Вистински проблеми се создаваат кога снегот ќе почне да се топи, а кога температурата ќе опадне, по што тој замрзнува. Уште поголем проблем е кога подмрзнатата улицата ќе се прекрие со нов снег.

sneg-2

Одберете соодветни обувки

Соодветните обувки се чекор поблизу до посигурно справување со замрзнатиот пат. Важно е да имаат цврст ѓон, што дава стабилност и удобност, а препорачливо е да бидат и повисоки за да ги заштитат зглобовите.

Како да научите правилно да паѓате

И покрај сите совети, понекогаш е неизбежно да се допре мразот. Познато е дека постарите лица имаат поголеми проблеми со зараснување на скршените коски, па од таа причина мора да избегнуваат пад на колк или на бутната коска, а тоа ќе се избегне доколку се заштитат со раката. Иако постои опасност од исчашување на раката, тие повреди полено се санираат и полесно поминуваат за разлика од скршениците на долните екстремитети.

Фото: Pixabay