Научници креираа хируршко лепило што затвора рани за 60 секунди

33

cq5dam-web-1280-1280-1

Фото: The University of Sydney

Биомедицински инженери од универзитети во Сиднеј и САД создадоа хируршко лепило коешто во иднина може да спасува човечки животи, стои во соопштението на Универзитетот.

MeTro е високо еластичен и многу леплив материјал што може да затвори рана без потреба од вообичаените спојки или конци. Тој би бил одличен за затворање на рани кај ткива коишто постојано се шират и собираат, како на пример бели дробови, срце и артерии, од причина што постои ризик од повторно отворање.

Ова хируршко лепило би било решение и за внатрешни рани во тешко достапни места што обично имаат потреба од штитници или конци поради околната течност од органите.

MeTro навлегува во ткивото за само 60 секунди откако ќе биде третирано со УВ светлина. Технологијата има вградено деградирачки ензим којшто може да се модифицира за да утврди  колку долго ќе трае лепилото – од неколку часа до неколку месеци, со цел да се овозможи доволно време за заздравување на раната.

Сега за сега материјалот успешно затворил хируршки рани на артерии и бели дробови кај глодачи без употреба на дополнителни конци.