Научници од Харвард: Ако сакате да бидете успешни следете ја својата цел, не страста

324

Многу често го слушаме тоа дека треба да се следи страста кога станува збор за работата, особено доколку имате сопствен бизнис.

Колку и да е важна страста, сепак според нови сознанија на научници од Харвард, она што е клучно е да се следи целта.

Едно истражување со коешто биле опфатени неколку стотици работници покажало дека оние луѓе кои ја “следеле страста“ имале помали шанси да бидат успешни на долги патеки. Тоа била и една од причините за напуштање на работното место по само девет месеци.

Научниците од Харвард велат дека сè што треба да направите е да го замените зборот “страст“ со “цел“, кога размислувате за кариерата.

Без разлика дали за прв пат зачекорувате во тој свет или пак сакате да направите кариерна промена, водете се од целта што сакате да ја постигнете. Запрашајте се “за што навистина се грижите, што сакате од животот“.

Ако оставите само страста, односно желбата да ги води работите, не можете да постигнете многу.

Неизбежните разочарувања би ја разнишале страста, но ако целта е она што не ви дава да застанете, би имале поголеми шанси да успеете.

Фото: Pexels