Фото: Brown
Кинески и американски научници од Универзитетите Tsinghua и Brown создадоа многу лесен материјал како сунѓер направен од нано керамички влакна. Ваквиот сунѓер, којшто е порозен, лесно се компресира и е отпорен на температура и оган, може да има широка употреба, од прочистување на уреди за вода до флексибилни изолациони материјали.
Во својот научен труд, објавен во Science Advances, научниците новиот керамички материјал го опишуваат како многу лесен, составен од нано влакна и погоден за 3D печатење. Материјалот би можел да се користи за заштитна облека, изолациски материјали и флексибилна керамика за различни потреби.
“Се обидовме да направиме материјал којшто е флексибилен и отпорен на висока температура. Ние тоа го направивме со заплеткување на керамички нано влакна во сунѓер“, вели професорот Хуајан Гао од Универзитетот Brown.
Научниците веруваат дека овој материјал ќе најде широка примена во многу области, а процесот на неговото производство би бил евтин и брз.