Научници создадоа материјал за мобилни телефони што сам се поправа

23

telefon

Фото: Pexels

Научниците од Универзитетот во Калифорнија креираа нов материјал за мобилни уреди што може сам да се поправа откако ќе се оштети, пишува Next Power up.

Кондуктивниот материјал, којшто изгледа како гума, е изработен од растеглив полимер и јонски соли. Материјалот може да се растегне до 50 пати од неговата вообичаена големина. Најголема предност на материјалот е способноста да се обнови, односно поправи за помалку од 24 часа, дури и ако е скинат на два дела.

Досега имаше неколку обиди да се креира екран што ќе може сам да се поправи, а се очекува првите телефони со ваков материјал да бидат достапни во 2020 година. Овој материјал, освен за екраните, погоден е и за батериите на мобилните телефони.