Научници создадоа уред што детектира бактерии во храна

77

he-spinach-and-sensor

Фото: University of Massachusetts Amherst

Научници од Универзитетот Амхерст во Масачусетс креираа уред што во иднина ќе може да ги предупреди корисниците ако во нивната храна има штетни бактерии. Уредот ќе се поврзува со смартфон, а технологијата што ќе го овозможи сето ова моментално се развива во просториите на Универзитетот.

Тимот, на чие чело е специјалистот за храна доктор Лили Хе, дизајнира чип што во себе има специјален вид на молекула позната како 3-MBPA, којашто ги привлекува бактериите и се врзува со нив.

Чипот се потопува во дел од сокот или храната, а потоа се мие со течност чија pH вредност е висока. Таа ги отстранува шеќерите, мастите и протеините од самата храна, но ги остава бактериите. Потоа, чипот се става во микроскоп којшто е специјално дизајниран за да се користи со паметни телефони и со помош на апликација се дознава бројката на бактерии. Може да бидат детектирани најмалку 100 бактерии на еден милилитар раствор.

За помалку од два часа се добиваат резултатите, за разлика од стандардниот начин за којшто се потребни два дена. Тимот се надева дека штом технологијата ќе биде достапна за комерцијални цели, истата ќе може да се користи од страна на готвачи како и од хуманитарни работници во места погодени од катастрофи.