Навики што не треба да ги практикувате на работа

26

listovi

Фото: Pexels

За да биде работниот ден продуктивно искористен треба да се ослободите од следниве лоши навики што најчесто се причина за намалена концентрација, недоволно енергија и недостиг на време.

Мултитаскинг

Според неколку нови научни истражувања, вршење на неколку работи истовремено е контрапродуктивно. Ако мислите дека ќе завршите повеќе работи истовремено, се лажете. Насочувањето на вниманието не е така лесно, па затоа по мултитаскингот ќе забележите дека некои работи сте заборавиле да ги направите или не се онака како што треба.

Постојана проверка на мејлови

И покрај тоа што знаат дека нема нов мејл, многу луѓе имаат навика опсесивно да ги проверуваат пораките. Тоа само ве дефокусира од задачите што треба да се завршат. Најдобро е да завршите барем половина од работата, па потоа да проверувате дали сте добиле нов мејл.

Постојана проверка на мобилните телефони

Ништо лошо нема да случи ако не одговорите на мобилниот телефон во истиот момент, а доколку имате чувство дека вибрира, кога всушност никој не ве бара, припраѓате во онаа група на луѓе зависни од технологијата. Телефонот е тука за вас, а не обратно, можете да се јавите за време на паузата или кога ќе ја завршите тукушто почнатата задача.

Користење на социјалните медиуми за време на паузата

Иако можеби ви се чини дека тоа е забавен начин да ја поминете паузата, проверувањето на социјалните медиуми има контрапродуктивен ефект – ќе се чувствувате поуморни и ќе ви опадне концентрацијата. Најновите случувања ќе ви го одвлечат вниманието и може да изгубите повеќе време од планираното.

Работниот простор е неуреден/пренатрупан

Неуредноста влијае на концентрацијата, затоа потрудете се вашето работно биро биде уредно, без непотребни материјали и било какви предмети што можат да ви го одвлекуваат вниманието.

Не се храните здраво

Не го занемарувајте времето одредено за јадење. Многу е важно добро да се храните, ќе ја добиете потребната енергија и за кратко ќе ги оттргнете мислите од работата.

Не вежбате

Зголемените работни обврски честопати ни служат како изговор дека време за вежбање нема. Било каква физичка активност може само да го подобри психо – физичкото здравје и да ја зголеми издржливоста за напорниот ден.