Назначен е нов гувернер на централната банка во Германија

81

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајмеер во петокот официјално го назначи Јоаким Нагел за нов гувернер на централната банка.

54-годишниот економист ја презема функцијата од Јенс Вајдман, кој поднесе оставка во октомври од лични причини, по речиси 10 години на чело на Бундесбанк.

Неговиот втор осумгодишен мандат требаше да заврши во април 2027 година. Нагел беше во извршниот одбор на Бундесбанк од 2010 до 2016 година, а потоа се пресели во државната развојна банка. Тој се враќа во Бундесбанк од Банката за меѓународни порамнувања (БИС).