НБ: Во декември зголемена просечната каматна стапка на кредитите во корпоративниот сектор

35

Просечната каматна стапка на вкупните кредити лани во декември изнесува 4,44 отсто и  оствари месечно зголемување од 0,03 процентни поени (п.п) и годишно од 0,07 п.п.. При тоа просечната каматна стапка на вкупните депозити изнесува 0,86 отсто и бележи раст на месечна основа од 0,09 п.п. и на годишна од 0,12 п.п., информира Народната банка (НБ).

-Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити, во декември, е зголемена за 0,34 п.п. на месечно ниво и изнесува 4,83 отсто. На годишна основа, оваа каматна стапка е повисока за 1,22 п.п. Просечната каматна стапка, пак, на новопримените депозити изнесува 1,34 отсто изабележа месечен раст од 0,07 п.п и годишен раст од 0,64 п.п., посочуваат од НБ.

Во декември, како што нагласуваат од НБ, просечната каматна стапка на вкупните кредити на корпоративниот сектор изнесува 3,84 отсто и бележи месечно зголемување од 0,09 п.п..

-Промената на месечно ниво е резултат на растот на сите компоненти: каматните стапки на кредитите во странска валута (за 0,16 п.п.), како и на каматните стапки на денарските кредити без и со валутна клаузула (за 0,10 п.п. и 0,02 п.п.). Споредено на годишно ниво, каматната стапка на вкупните кредити на корпоративниот сектор се зголеми за 0,36 п.п., прецизираат од НБ.

Каматната стапка на новоодобрените кредити на корпоративниот сектор, пак, оствари раст од 0,57 п.п. во однос на претходниот месец и изнесува 5,02 отсто.

-Нагорната промена се должи на зголемените каматни стапки на кредитите во странска валута и каматните стапки на денарските кредити без валутна клаузула (за 1,72 п.п. и 0,14 п.п.), додека каматните стапки на денарските кредити со валутна клаузула бележат пад (за 0,53 п.п.). Анализирано на годишна основа, оваа каматна стапка забележа раст од 1,80 п.п., велат од НБ.

Во декември лани просечната каматна стапка на вкупните депозити на корпоративниот сектор изнесува 1,34 отсто, што претставува месечно зголемување од 0,04 п.п.

-Притоа, растот е резултат на повисоките каматни стапки на депозитите во странска валута и на каматните стапки на денарските депозити со валутна клаузула (за 0,04 п.п.), при раст и на каматните стапки на денарските депозити без валутна клаузула (за 0,03 п.п.). Kаматната стапка на вкупните депозити на корпоративниот сектор е повисока за 0,42 п.п. во споредба со истиот месец минатата година, истакнуваат од НБ.

Каматната стапка на новопримените депозити на корпоративниот сектор, како што истакнуваат, се намали за 0,03 п.п. на месечна основа и изнесува 1,09 отсто.

-Анализирано според валутната структура, падот целосно произлегува од намалувањето на каматните стапки на денарските депозити без валутна клаузула (за 0,56 п.п.), во услови кога каматните стапки на денарските депозити со валутна клаузула и каматните стапки на депозитите во странска валута бележат раст (за 0,54 п.п. и 0,09 п.п.). Споредено на годишно ниво, оваа каматна стапка оствари зголемување од 0,80 п.п, посочуваат од НБ.

Нагласуваат дека каматната стапка на вкупните кредити на домаќинствата лани во декември изнесува 5,01 отсто и забележа минимален месечен пад од 0,01 п.п..

-Месечната промена се должи на падот кај сите компоненти: каматните стапки на кредитите во странска валута (за 0,02 п.п.) и каматните стапки на денарските кредити без и со валутна клаузула (за 0,01 п.п.). Kаматната стапка на вкупните кредити на домаќинствата забележа годишно намалување од 0,17 п.п., велат од НБ.

При тоа, посочуваат, просечната каматна стапка на новоодобрените кредити на домаќинствата е намалена за 0,17 п.п. во однос на ноември и изнесува 4,38 отсто.

-Надолната промена целосно се објаснува со намалувањето на каматните стапки на денарските кредити без валутна клаузула (за 0,25 п.п.), во услови на месечен раст на каматните стапки на денарските кредити со валутна клаузула и на каматните стапки на кредитите во странска валута (за 0,03 п.п. и 0,01 п.п.). На годишна основа, оваа каматна стапка оствари зголемување од 0,04 п.п., прецизираат од НБ.

Појаснуваат дека каматната стапка на вкупните депозити на домаќинствата изнесува 0,81 отсто и забележа раст од 0,09 п.п. на месечно ниво.

-Месечното зголемување произлегува од растот на каматните стапки на денарските депозити со валутна клаузула и на каматните стапки на депозитите во странска валута (за 0,34 п.п. и 0,10 п.п.), при раст и на каматните стапки на денарските депозити без валутна клаузула (за 0,08 п.п.), потенцираат од НБ.

Каматната стапка на вкупните депозити на домаќинствата, велат, се зголеми за 0,09 п.п., во споредба со декември минатата година.

-Во декември, каматната стапка на новопримените депозити на домаќинствата оствари месечно зголемување од 0,04 п.п. и изнесува 1,40 отсто. Растот на месечна основа се должи на зголемените каматни стапки на депозитите во странска валута (за 0,34 п.п.), додека каматните стапки на денарските депозити без валутна клаузула бележат намалување (за 0,35 п.п.). Истовремено, каматната стапка на денарските депозити со валутна клаузула изнесува 2,02 отсто за разлика од претходните месеци кога банките и штедилниците не примиле ваков вид депозити,потенцираат од НБ и додаваат дека каматната стапка на новопримените депозити на домаќинствата се зголеми за 0,50 п.п. на годишна основа.

Фото: Pixabay