НБА ги продаде телевизиските права за 77 милијарди долари

99

НБА се согласи да ги продаде телевизиските права во следните 11 години на ESPN во сопственост на The Walt Disney Company, NBCUniversal во сопственост на Comcast и Amazon за 77 милијарди долари. Овој нов договор важи од сезоната 2025/2026.

Лигата ја одби и понудата на TNT, која е во сопственост на Warner Bros. Discovery, бидејќи била пониска од понудата на Amazon, па по повеќе од четири децении ќе престане соработката меѓу НБА и TNT.

„Овој нов глобален договор за медиуми со Disney, NBCUniversal и Amazon ќе ја зголеми достапноста на НБА натпреварите за навивачите во САД и ширум светот. Овие партнери ќе ја дистрибуираат нашата содржина низ широк спектар на платформи“, рече комесарот на НБА, Адам Силвер.

Според новиот договор, Disney ќе емитува 80 натпревари од регуларниот дел дел од сезоната, NBCUniversal 100 натпревари и Amazon 75 натпревари.

Ексклузивен сопственик на правата за пренос на финалето на плеј-офот останува ABC, која ги има правата од 2003 година.