НБА гигант ќе исплаќа плати во биткоини

58

НБА тимот на Сакраменто кингс стана прв спортски клуб кој на своите играчи и вработени им понуди исплата на платите во биткоини.

Ова не е новост за “кралевите“ кои од 2014 година работат со криптовалути. Имено од 2014 година Сакраменто продава и влезници и хот-догови во криптовалути, а од 2019 година покрена и награди за навивачите исто така во криптовалути.

НФЛ играчот Расел Окунг кон крајот на минатата година стана првиот играч во американски фудбал кој дел од својата плата која изнесува 13 милиони долари, во биткоини.

Фото: Pixabay