NBA собра рекордни 1,46 милијарди долари од спонзорски договори

28

Американската национална кошаркарска асоцијација (National Basketball Association – NBA) собра рекордни 1,46 милијарди долари од спонзорски договори за сезоната 2020 -2021, проценува консултантската компанија IEG.

Компанијата тврди дека тој износ е за 6% повисок од претходната годна и повеќе од 1,2 милијарди долари, колку што собра NBA од партнерски договори во сезоната 2018 – 2019.

IEG ги следи трошоците за спонзорства во професионалните спортски лиги, вклучувајќи ја и Националната фудбалска лига во САД.

Во рамки на кампањата од 72 игри, NBA склучи 13 нови договори, а меѓу нив нов е и Microsoft. Технолошкиот сектор ѝ помогна на кошаркарската лига годишно да генерира околу 115 милиони долари.

Фото: Facebook