НБРМ работеше со добивка од 3,6 милијарди денари во 2014

43

nbrm 1

Народната банка на Македонија (НБРМ) прикажа вкупна сеопфатна добивка за годината во износ од 3.604.778.000 денари, покажува билансот на успех објавен на интернет страната на централната банка.

Една година претходно највисоката монетарна институција во земјава прикажа загуба од 8.325.156.000 денари.

Нето расходите за камати во 2014 година се на ниво од 978.592.000 денари, додека во 2013 година тие расходи беа во вредност од 1.124.853.000 денари. Кај контото нето приходи од провизии, НБРМ евидентираше 218.981.000 денари, а една година претходно 227.114.000 денари.