НБРМ: Забавува годишниот раст на цените на становите во Скопје во третиот квартал од 2026 година

На квартална основа, цените на недвижностите забележаа раст од 1,3%, а годишниот раст и натаму забавува и изнесува 10,3%, наспроти 13,4% во претходниот квартал
Годишниот раст на цените на становите на територијата на Скопје продолжува со трендот на забавување во третиот квартал од 2026 година, покажуваат најновите податоци од Индексот на цени на станови што го објавува Народната банка.
May be an image of text
Според статистичките показатели, годишната стапка на раст во третиот квартал изнесува 10,3%, што претставува намалување за 3,1 процентен поен во споредба со претходниот, втор квартал, кога изнесуваше 13,4%. Ова е продолжение на трендот од почетокот на годината, имајќи предвид дека во првиот квартал од 2026 година годишниот скок на цените изнесуваше 16,6%.
На квартално ниво, цените на недвижностите во третиот квартал забележаа благ раст од 1,3%. Ова е значително позначително забавување во споредба со вториот квартал, кога беше забележан квартален скок од 5,5%.