НБС ќе им помогне на корисниците на кредити во швајцарски франци

47

franci

Народната банка на Србија (НБС) ќе настојува преку дијалог со претставници на Владата на Србија, банките, Здружението на банки, како и со сите други надлежни институции и организации, согледувајќи ги сите евентуални мерки и нивните ефекти, во краток рок да пронајде начин да им помогне на граѓаните корисници на кредити во швајцарски франци, кои се најдоа во тешка ситуација по зајакнувањето на оваа валута, стои во соопштението објавено на интернет страната на НБС.

Од НБС велат дека јакнењето на франкот можело да се очекува во перспектива, но ваков девизен удар (раст за околу 15% во еден ден), кој ги затече пазарите, не можеше да се предвиди, ниту пак било која централна банка ја предвиде реакцијата на централната банка на Швајцарија.

НБС потсетува дека кредитирањето во швајцарски франци е забрането од јули 2011, но и покрај тоа, банката внимателно го следи движењето на ратите на кредити на граѓаните кои се задолжиле во оваа валута, но и оние задолжени во евра.

НБС во јуни 2011 година, со примена од јули, донесе одлука да се забрани кредитирање на населението во странска валута, освен во евра.