Нè чека криза на сите кризи?

215

Инвеститорот на Волстрит и основач на Scion Capital, Мајкл Бери верува дека нè очекува „мајката на сите финансиски кризи“. Бери, кој прв ја предвиде голема криза на американскиот пазар на недвижности во 2008 година и која на крајот го преплави светот, смета дека инвеститорите на берзите премногу си поиграле, што во комбинација со инфлацијата – не води до ништо добро.

„Имаме повеќе шпекулации отколку во 1920-тите, што доведе до Големата депресија во 1929 година. Имаме повеќе валвација отколку во 1990-тите, што доведе до криза на почетокот на 2000-тите“, напиша Бери на Твитер.

Тој наведе дека платите на работниците годинава стагнирале, што заедно со високите стапки на инфлација ги осиромашило повеќето луѓе.

„Реалните плати, ако ги прилагодиме за инфлацијата, оваа година во САД паднаа за 2,2 отсто. Ми се чини дека ова е единствената навистина важна вест во една мачна година“, вели Бери.

„Кога пазарот на крипто драстично ќе ја изгуби вредноста, загубите ќе се мерат според големината на БДП на одделни земји“, напиша тој. Претходно, Ворен Бафет, американски милијардер и инвестициски гуру, во неодамнешното интервју за CNBS објави дека доаѓа уште една пандемија, која може да биде полоша од сегашната пандемија, а четири можни сценарија предвиде и економистот Нуриел Рубини.