Не делете многу комплименти, особено ако сте шеф

30

kompliment

Фото: Pixabay

Давањето комплименти е еден начин со слаткоречивост да го добиете тоа што го сакате. Доколку имате функција на шеф и користите ваков вид на комуникација, ризикувате да ја изгубите довербата кај вработените.

Затоа научете отворено да зборувате за работите.

Ако пробувате вработените да ги залажете со насмевка, вашите дела и зборови нема да имаат исто значење за нив како порано. Кога луѓето ќе почувствуваат дека се предмет на манипулација, одност помеѓу вас ќе се сведе на строго профеисонален, а може и да се здружат против вас.

Не е можно сите вработени да ве сакаат. Во ред е да имате нормален однос на претпоставен и вработен, а тие секако ќе мораат да ве почитуваат поради хиреархиската поставеност.

Тактиката со убедување е уште полоша опција за еден лидер затоа што тоа може само да ја разниша репутацијата и авторитетот.

Довербата можете да ја уништите и кога нема да ги исполните своите ветувања или ако не ги извршувате вашите обврски.

Луѓето не ги доживуваат разочарувањата или кршењето на ветувањата на ист начин. Ако мислите дека со тоа што не ги одбивате луѓето нема да ги навредите, се лажете. Многу повеќе можете да ги налутите ако ги излажете. Повеќе се почитувани оние луѓе кои имаат свој став и се држат до него.

Можеби во моментот ќе добиете нешто со кажување на невистини, но на долги патеки многу луѓе ќе ја изгубат довербата во вас.

Луѓето очекуваат одредено ниво на доверба во меѓусебните интеракции. Затоа немојте да ги изневерите. Поставете се професионално и најдете друг начин за постигнување на цели и симпатии.