
Фото: Pexels
Дали сте знаеле дека семките од лубеница се многу здрави? Тие содржат влакна потребни за правилно функционирање на дигестивниот систем, помагаат доколку се појават паразити, а имаат и антибиотски својства.
Семките содржат и цитрулин, познат антиоксиданс, којшто ги шири крвните садови и позитивно делува ако имате висок крвен притисок, ангина пекторис и артериосклероза.
Еве како можете да ги искористите. (Овој рецепт е одличен за борба против ешерихија коли).
Во поголемо тенџере ставете вода, па додадете 30-тина семки. Водата треба да соврие и оставете ја течноста да се олади. Процедете ја и сместете ја во стаклени садови во фрижидер.
Доколку вкусот не ви е пријатен, слободно додадете било каков сок во течноста.