Не ги отфрлајте своите идеи, дури и кога изгледаат невозможно

142

Авторот на книгата Bodies on the Potomac,  Даниел О’Нил уште во 1967 година како студентски проект осмислил спортски телевизиски канал. Таков канал денес е популарниот американски ESPN, но О’Нил не е личноста што направи милиони на ова затоа што ја пропушти неговата идеја, и ја отвори вратата за некој друг да профитира од истата идеја.

Дали некогаш сте имале идеја од која сте се откажале од најразлични причини, што подоцна се покажало како погрешно. Идеите доѓаат, но малкумина преземаат чекори да ги реализираат. Најчестите изговори се: “Јас сум премлад за ова“, “Јас сум премногу стар“, “Немам пари за да го направам тоа“ и “Јас нема да успеам“. Иако овие причини може да бидат валидни, постојат еднакво валидни причини да ги испробате и реализирате вашите идеи:
Сè  започнува со идеја
Некои идеи се подобри од другите. Но, за да се оддели доброто од лошото, потребно е време и трпеливост, а многу често е неопходно да се тестираат постојано. Знајте дека дури и најдобрите идеи ги критикуваат оние кои не ги смислиле.
Идеите се развиваат од срце
За да го пронајдете она што навистина го сакате, оставете ги вашите инстинкти да ве водат. “Фатете“ ја таа луда идеја што ве буди од сон или ви падна на памет додека ги миете садовите. Овие луди идеи честопати стануваат исклучително успешни.

 

Идеите се само ваши

Лесно е за другите да се смеат на туѓите постапки и да го исмеваат оној што ги осмислил. Треба да имате храброст и да ја споделите вашата идеја со светот. Затоа, прифатете ја критиката, “тркалање на очите“ и продолжете. Идејата е само ваша и не ви треба одобрување од другите.

Идеите што ги избегнувате ќе ве прогонуваат

Кога ќе се откажете од една идеја, не дозволувајте тоа да случи и со следната. Немате што да изгубите ако се обидете да ја остварите. Можеби не ви е загарантирана мултимилионска заработка, но може да најдете кариера во која ќе уживате. Идеите сами по себе не нудат ништо повеќе од возбуда што ве обзема кога размислувате за нив, затоа искористете ги вашите идеи во практика за да не изгубите нешто што може да биде одлично за вас.

Фото:Pexels