Дали сте од оние кои кога ќе стигнат на работа го отвараат својот Facebook профил набрзина да ѕирнат што се случува? Доколку се пронајдовте, престанете да го правите тоа, советуваат експертите, со образложение дека токму тогаш сме најпродуктивни.
Eдна од најголемите грешки во организирањето на времето е тоа што луѓето ги трошат првите два најпродуктивни часа на друштвените мрежи, вели професорот Ден Ариели од универзитетот Дјук во Северна Каролина.
Тој советува наместо да се чекирате и “шетате” по социјалните мрежи, искористете ги продуктивните утрински часови за најтешките работни задачи.