Не игра цела година, а заработи најмногу од сите спортисти

69

Роџер Федерер е најплатениот спортист во светот. Роџер зад себе остави двајца од најдобрите фудбалери на денешницата, Кристијано Роналдо и Лионел Меси. Швајцарскиот тенисер заработи 106,3 милиони долари во 2020 година, иако целиот период беше надвор од терените поради повреда на коленото.

Причината е, пред сè, што Роџер има силни спонзорски договори, само со Uniqlo, Швајцарецот потпиша соработка вредна 300 милиони долари, за 10 години.
Кристијано Роналдо е втор на листата со заработени 105 милиони долари. По Федерер и Роналдо, на списокот е Лионел Меси со 104 милиони долари. Списокот на петте најбогати спортисти го надополнија Нејмар и Леброн Џејмс.

Фото: Freepik