Не издржа : Оставка од извршниот директор на TikTok

62

Извршниот директор на TikTok Кевин Маер даде неотповиклива оставка од позицијата, откако апликацијата за споделување видеа беше забранета од американскиот претседател Доналд Трамп со објаснување дека претставува “закана за националната безбедност на САД“.

Мејер беше назначен за генерален извршен директор на TikTok во месец мај, трансферирајќи од Disney, каде беше претседател на отсекот за Direct-to-Consumer & International.

Во следниот период, TikTok  ќе биде предводен од Венеса Папас, досегашен генерален управител на TikTok, која ќе биде назначена за вршител на должноста на генерален извршен директор.

“Изминативе недели, како што нагло се менуваше политичката клима, позначајно размислував за структурните промени во корпорацијата и што значат тие промени за глобалната улога. Поради целата ситуација, одлучив да ја напуштам компанијата“, стои во пораката на Маер до вработените во компанијата.

Тој исто така рече дека бремето што го носел на свој грб во поглед на водењето на платформата било многу поголемо од самото управување со неа бидејќи морал да се бори со Вашингтон.

Фото: Facebook