Не ја прифаќајте работата ако…

201
Наидовте на работно место што може да биде ваше, а сепак нешто ви кажува да не ја прифаќате работата. Следете ја интуицијата, особено ако ги забележите следниве неколку знаци:

Сите се нови, но бизнисот не е

Ако компанијата постојано ги менува вработените, најверојатно нешто не е во ред со нејзиното функционирање.

Тој/таа што го прави интервјуто се жали од вработените

Ако шефот лошо зборува за своите вработени пред некој што сè уште не е дел од тимот, можете да си замислите што може потоа да зборува за вас.

Нејасни енигматски фрази

Ова е показател дека компанијата нема јасна идеја како ќе ги вклопи вашите вештини во новата позиција.

Претерува со фалби за да ве заинтересира

Ова најчесто значи дека работата е премногу добра да биде вистинита, особено ако нема јасен опис на работното место. Исто така лош знак е ако не ве прашаат дали имате релевантно искуство.

Работната позиција е постојано огласена

Ако многу често го гледате истиот оглас за работа насекаде, верувајте дека нешто не е како што треба со самата позиција, па и компанијата.

Не се споменува напредок во кариерата

Не е добар знак ако не постои, односно воопшто не се споменува некаков напредок, унапредување со текот на времето и заслугите.

Поразен говор на телото

Погледнете ги луѓето што поминуваат покрај вас додека чекате да ве викнат на интервју. Ако изгледаат нервозно, скршено, деморализирачки, тоа може да бидете вие доколку ја прифатите работата.

Фото: Pixabay