Фото: Pixabay
Купувањето на сопствен дом претставува едно од најважните работи во животот на секој човек. Со донесување на правилна одлука се решава животно прашање, но за да се дојде до тој момент мора да бидете внимателни. Експертите за недвижен имот за CNBC ги наведуваат овие шест работи што мора да ги направите пред да одлучите дали ќе го купите омилениот стан со тераса, еднокатната куќа со голем двор и гаража или нешто сосема друго.
Меѓу народот е позната една поговорка, а таа вели: испружи си ги нозете, колку што ти е долга чергата. Тоа значи дека прво мора да знаете со колку пари располагате, за да ја започнете потрагата по недвижнина. Една од најчестите грешки што луѓето кои за прв пат купуваат недвижен имот ја прават е тоа што купуваат многу поскапо од она што можат да си го дозволат. За да се направи приближна пресметка, месечниот трошок за купување на домот, не треба да надминува 30% од примањата.
Постои и таканаречено 28/36 правило, според кое треба да потрошите повеќе од 28% од месечните примања за станбени трошоци, но вкупниот долг (и за други видови кредити) не треба да надмине 36%. Финансиските институции го користат ова правило за да го оценат капацитетот на задолжување.
Втора грешка што може да се направи при купување на имот, е да се изостават трошоците за различни надоместоци. Тие понекогаш достигнуваат од два до 7% од вредноста на недвижниот имот. Со други зборови, ако недвижниот имот што сакате да го купите вреди 250.000 долари, дополнителните трошоци може да се движат меѓу 5.000 и 17.500 долари.
Експертите препорачуваат да штедите за учество. Познато е дека колку е помало учеството, толку е поголем кредитот, а со тоа ќе треба да платите и поголема камата. Најоптимално учество во кредитот, според експертите, е 20% од вредноста.
Многу е важно да ја знаете сопствената кредитна способност, бидејќи врз основа на тоа ќе се одреди и каматната стапка на кредитот. Колку е поголема кредитната оценка, толку во очите на банката сте помалку ризични, па ќе добиете и пониска каматна стапка. Тоа автоматски повлекува дека ќе имате и пониска месечна рата за отплата.
Претходно одобрениe за кредит претставува анализа на кредитната способност на кредитокорисникот, што покажува колку може да се позајми. На американскиот пазар на недвижнини, хипотекарното одобрение е потребно за да му се даде знак на продавачот дека сте заинтересиран за тоа што го нуди.
Кога купувате дом, автоматско го “купувате“ и соседството. Од таа причина, добро разгледајте ја околината во којашто е сместен вашиот иден дом. Предвид секогаш имајте ги вашите потреби, како што се: гаража, близина до училиште, централно градско подрачје, јавен превоз, трговски центри, мирна околина, периферија на градот…