
Замислете млад човек кој седи во својата соба, се снима себеси како брои до 100.000 и неколку години подоцна станува најследената личност на YouTube и првиот милијардер меѓу влијателните луѓе. Не, ова не е научна фантастика – ова е приказната за Џими Доналдсон, попознат како MrBeast.
Од здодевно детство до дигитално царство
Роден на 7 мај 1998 година во Северна Каролина, MrBeast знаел од мал дека сака да направи „нешто големо“. Како 13-годишник, тој почнува да објавува видеа на YouTube – прво за видео игри, потоа за бизарни предизвици и експерименти.
Првата голема пресвртница доаѓа во 2017 година, кога објавува видео во кое брои до 100.000 – видеото трае 24 часа, а интернетот се заљубува во неговата посветеност.
„Само сакав да направам нешто лудо што никој друг не би го пробал“, рече тој во интервју за „Ролинг Стоун“.
Како да заработите милијарда?
MrBeast денес има повеќе од 371 милион следбеници на YouTube, а неговото богатство се проценува на над МИЛИЈАРДА ДОЛАРИ. Според Forbes, тој е најплатениот инфлуенсер во светот, заработувајќи околу 85 милиони долари годишно.
Но, како ги добил тие пари?
Заработка од YouTube – од рекламирање, спонзорства и прегледи.
MrBeast Burger – глобален бренд за брза храна, лансиран во 2020 година.
Feastables – бренд на здраво чоколадо и грицки.
Серијата „Beast Games“ од Amazon Prime – ексклузивна соработка со Amazon.
„Ги враќам сите пари што ги заработувам во содржината. Колку повеќе заработувам, толку повеќе давам“, објаснува популарниот YouTuber.
Добротворец на новата генерација
Иако милијардер, MrBeast не живее во луксуз – не вози супер автомобили, не носи дизајнерска облека и не се фали со своите пари. Неговата филозофија е едноставна:
„Мојата мисија не е да се збогатам. Мојата мисија е да направам што е можно повеќе луѓе среќни.“
Тој го лансираше „Beast Philanthropy“, хуманитарен YouTube канал кој донира милиони долари во храна, вода, операции и помош на сиромашните. Тој им помага на слепите повторно да прогледаат, ги чисти океаните, сади дрвја, гради училишта и куќи.
Што е следно?
Во 2025 година, MrBeast станува и телевизиска ѕвезда, бидејќи потпиша ексклузивен договор со Amazon Prime за ријалити серија во која натпреварувачите можат да освојат милиони долари. Интернет вели дека тоа е неговиот одговор на играта на лигњите – но во реалниот живот, без крвопролевање.
MrBeast не е само најбогатиот влијателен човек на планетата. Тој е симбол на нова ера – каде што страста, посветеноста и љубезноста можат да се трансформираат во глобално движење. Неговата комбинација од бизнис, спектакл и човечност покажува дека светот на забавата не мора да биде површен. И дека еден млад човек со камера може да промени милиони животи.
„Ако сте доволно упорни, ништо не е невозможно. Јас сум жив доказ“, е јасенMrBeast.











