Не поскапуват само автомобилите, растат цените и на резервните делови

124

Не само што автомобилите стануваат поскапи, туку и цените на резервните делови се зголемуваат и многу побрзо од стапката на инфлација.

Според германското здружение на осигурители, овој тренд продолжи во последните дванаесет месеци. Цените за резервните делови за автомобили се зголемија во просек за повеќе од шест проценти од август 2020 година до август 2021 година.

Што се однесува до споредбата со 2013 година, оттогаш потрошувачките цени во Германија се зголемија за 13 проценти, но производителите на автомобили ги зголемија цените на резервните делови за речиси 44 проценти во истиот период.