Не продале ниту едно возило, а веќе вредат повеќе од Volkswagen

190

Rivian, 12-годишен стартап кој уште нема продадено ниту едно возило на пазарот, сега е трет највреден производител на автомобили во светот.

Производителот на електрични возила излезе на берза минатата недела, а цената на неговата акција се зголеми повеќе од двојно за тоа време, со што вредноста на компанијата достигна 140 милијарди долари.

Тоа е повеќе од вредноста на Volkswagen (139 милијарди долари) и на третото место зад Toyota (306 милијарди долари) и Tesla (1 трилион долари).

Акциите се зголемија за повеќе од шест отсто во вторникот, на околу 159 долари по акција. Кога компанијата дебитираше минатата недела, цените на акциите беа проценети на 78 долари.

Иако Rivian сè уште нема продадено ниту едно од своите електрични комбиња на пазарот, тој предизвика голем интерес кај инвеститорите со истакнатата поддршка на Amazon, кој купи 20 отсто од акциите во 2019 година.