Не профитираше само Amazon од пандемијата…

30

Според најновиот извештај на Interpol, одредени терористички и криминални групи во текот на пандемијата финансиски зајакнале и го зголемиле своето влијание меѓу локалното население во места каде што се активни. Во овој момент фокусот им е ставен на унапредување на организационите единици, подривање на довербата во властите и поттикнување нереди, пренесува Biznis & finansije.

За разлика од порано, кога користеа опасни експлозиви на јавни места, терористите денес го имаат едно од најсилните оружја – теориите на заговор. Се забележува дека полесно им е да развиваат различни теории на заговор за да ги интензивираат судирите во општеството и да радикализираат одредени движења.

UNITAR (United Nations Institute for Training and research) објаснува како ширењето на дезинформации значи и зајакнување на терористичките организации, бидејќи со нив се подрива довербата во властите, но и во умерените политички партии и организации, што придонесува да зајакне екстремизмот во општеството. Исто така, во прилог им одат и честите протести и повици на граѓанска непослушност, на коишто можат да врбуваат нови членови на терористичките организации.

На пример, западната екстремна десница се обидува да го искористи противењето на граѓаните за мерките против пандемијата и блокада на економијата за својата борба против имиграциите. Од друга страна, терористичките организации од арапскиот свет често ја подриваат довербата што граѓаните ја имаат во властите. Нивна цел е да се намали ефикасноста на мерките, а за да го остварат тоа најчесто ги користат социјалните мрежи.

Interpol очекува во следниот период терористичките организации да се фокусираат на “ранливи места“ и да користат биотероризам. UNITAR предупредува дека помалиот број на луѓе на улиците ќе ги одврати терористите од напади на јавни место, но може да ги насочи кон важни инфраструктурни објекти како што се трговски центри и болници, каде има поголема циркулација на луѓе.

Фото: Freepik