Не се лажете дека ќе препознаете фалсификуван мед читајќи на интернет, велат пчеларите

112

Пчеларите да ги отвораат своите пчеларници за потрошувачите, да им покажат како работат, да бидат транспарентни, а купувачите да не се лажат дека можат да препознаат вистински мед како што пишува на интернет.

Преку 15 изложувачи од земјава учествуваат на годинашниот трет „Пчеларски саем на Македонија” што беше отворен вчера на плоштадот во Скопје и ќе трае до утре.

Мотото на манифестацијата е „Мед и здравје”, а посетителите ќе можат да купат и да дегустираат мед, полен, матичен млеч, природни ликери на база на мед без шеќер, саќе,… На некои од штандовите се продава и опрема неопходна за пчеларење.

Гости со свои штандови се претставници од Факултетот за земјоделски науки и храна и Факултетот за ветеринарна медицина.

„Пчеларството во земјава оди во нагорна линија. Пчеларството станува семеен бизнис со традиција, но го избираат и голем број млади како своја, основна дејност. Имаме, исто така, и своја автохтона пчела. Оваа и претходните неколку години приносот на мед е многу намален, а меѓу причините за тоа се климатските промени, употребата на пестициди од страна на овоштарите и градинарите, прскањето против комарци,… За пофалба е што квалитет годинава е многу подобар и покрај големите горештини“, беше речено на отворањето на Саемот.

Според Пчеларската федерација која е организатор на Саемот, медот и пчелните производи се одличен адут за подобрување на здравствената состојба особено сега, во време на КОВИД.

Федарцијата во оваа прилика јавно укажа на проблемот со кој се соочуваат пчеларите и апелира да не се вршат здравствени прегледи на веќе зазимени пчелни семејства.

„Прегледот треба да се врши во април или мај и по потреба, ако пчеларот забележи болест кај пчелните семејства, го повикува матичниот ветеринар. Не треба да се врши преглед на веќе зазимени пчелни семејства. Според сознанија, има случаи на наплата, а неизвршен здравствен преглед. Пчеларот тоа не треба да го дозволи зашто станува соучесник на такви дејства, подвлекоа од Пчеларската федерација.

Главен покровител и домаќин на „Пчеларскиот саем на Македонија” е Град Скопје.