Оние кои често патуваат знаат дека има неколку задолжителни работи што мора да се понесат, доколку сакате да се да биде во најдобар ред. Покрај документите и парите, (кеш или кредитни картички) следниве “ситници“ ќе го олеснат целокупното патничко искуство.
Перниче на надувување
За разлика од обичните перничиња за патување, оние со механизам на надувување се попрактични од причина што воопшто не зафаќаат простор. За неколку секунди се дуваат и издишуваат по потреба, а пружаат ист комфор како и останатите.
Слушалки за уши
Патувањето понекогаш може да биде бучно и напорно, па доколку сте патник, а не возач, земете со себе слушалки за уши. Така ќе можете подобро да се опуштите додека трае летот или возењето.
Екстра ранец
Секогаш имајте екстра помал ранец или торба што ќе ја користите доколку одите на дневна прошетка. Таму можете да сместите неколку потребни работи што би ви биле од корист на дневна база.
Мини пакетиња со течен детергент
Не се знае што може да се случи со алиштата, е да се носи многу облека е непотребно. Затоа понесете неколку мали пакетчиња со течен детергент со којшто набрзина ќе исперете неколку валкани парчиња.
Екстра чевли посебно спакувани
Чевлите ставете ги во ќеса што има механизам за затвoрање. На тој начин и тие ќе бидат заштитени и нема да бидат во контакт со останатиот дел од облеката или предметите во куферот.
Средства за лична хигиена во цврсто пакување
За да не се случи алиштата да се потопат со сапун или шампон, подобро е да се понесат средства за лична хигиена во цврсто пакување.
Ќеса што за затвора за валкани алишта
Задолжително земете со вас екстра ќеса што се затвора каде што ќе ги сместите валканите алишта. Така ќе спречите дополнителна непријатна миризба во вашата патничка торба.
Фото: Pixabay