Не знаете која е вашата професија? Прочитајте што советуваат ѕвездите

231

Понекогаш изгледа дека некој поединец одредена работа ја завршува со голема леснотија, додека друг многу тешко се снаоѓа работејќи ја истата работа. Оние кои веруваат во хороскоп, сметаат дека сите имаат одредени карактеристики што им овозможуваат одредени работи да ги извршуваат со голема леснотија, а на други да им оди премногу тешко.

Подолу неколку клучни карактеристики на хороскопските знаци и листа на најдобри и најлоши професии за секој знак.

Родените во период од 21-ви март до 20-ти април го носат знакот Овен. Најдобри професии за родените во овој знак се: претприемач, продавач, брокер, војник, спасувач. Но, професии што не им одат од рака на родените во овој знак се: сите професии поврзани со работа во канцеларија.

Биковите се родени во период од 21-ви април до 20-ти мај, а меѓу професиите што најмногу им лежат се: инженер, програмер, административен асистент. Професии што не им одат од рака на родените во овој знак се: сите професии што вклучуваат голем финансиски ризик.

Родените меѓу 21-ви мај и 20-ти јуни се Близнаци. Професии што им одат од рака на припадниците на овој хороскопски знак се: медиуми, огласување, маркетинг, новинар, возач, доставувач. Професии што не им одговараат на Близнаците се сите оние професии сместени во канцеларија.

Раковите се родени од 21-ви јуни до 22-ри јули и најдобри професии за нив се: недвижнини, дизајн на ентериер, психолог, учител и слично. Од друга страна, треба да избегнуваат професии што бараат постојан надзор и не се креативни.

Оние кои се родени во период од 23-ти јули до 22-ри август се родени во знакот на Лав. Професии што му одговараат на овој хороскопски знак се: претприемач, политичар, одговорен за забава на публика или односи со јавност.

Девиците се родени меѓу 23-ти август и 22-ри септември, а најмногу уживаат во овие професии: уредник, сметководител, графички дизајнер, додека од рака не му одат работи во коишто доаѓа во контакт со различни луѓе, кои можеби не се перфекционисти како нив.

Во знакот на Вага се родените од 23-ти септември до 22-ри октомври. Тие најдобро се снаоѓаат како: архитекти, дизајнери, правници, советници, уметници, а треба да избегнуваат професии кои не бараат креативност.

Шкорпија е знак за родените од 23-ти октомври до 21-ви ноември. За нив најдобри професии се: психолог, дизајнер, правник, работа во хуманитарна организација. Од друга страна, на шкорпиите не им годи работа поврзана со материјални предмети.

Стрелците се родени од 22-ри ноември до 20-ти декември, а за нив идеални професии се: претприемач, пилот, спортист, полицаец, додека треба да стојат подалеку од работа што осум часа ќе ги “врзе“ за столица.

Родените од 22-ри декември и 1-ти јануари го носат знакот Јарец. Тие најдобро се снаоѓаат кога работат со: финансии, менаџмент, развој на бизнис, лекар, а да избегнуваат работи што не нудат можност за напредок.

Оние кои се родени од 20-ти јануари до 18-ти февруари се водолии и тие најмногу уживаат додека развиваат апликации, работат со животни, научна дејност или инженерство. Не сакаат да работат професија што може да ги обесхрабри.

Рибите се родени од 19-ти февруари до 20-ти март, а за нив најидеални професии се: уметник, дизајнер, психолог, а не сакаат физичка работа.

Фото: Pixabay