Недела неработен ден од први октомври

18

Премиерот Зоран Заев на прес конференција информираше дека Владата го утврди текстот на измените и надополнувањата на Законите за работни односи и Законот за трговски друштва со кои недела се прогласува за ден за неделен одмор и овие законски измени ќе бидат иапратени на усвојување во Собранието.

“Тоа е ветување што владата го стави како приоритет во својата програма и откако ги завршиме сите консултации во еден исклучително инклузивен процес го утврдивме усогласеното законско решение. Примената на оваа одлука ја проектираме да започне на први октомври“, рече премиерот Заев.
Фото: Freepik