
Недостатокот на материјали сè повеќе влијае на германската индустрија, е заклучокот од извештајот објавен денес од Институтот за економско следење (Ifo) од Минхен.
Во ноември, 11,2 проценти од компаниите пријавиле проблеми во набавката на меѓупроизводи, што е двојно повеќе во споредба со 5,5 проценти во октомври.
Институтот наведува дека недостатокот на полупроводници е особено критичен, што претставува дополнителен товар за германската индустрија.











