Недостигот на чипови го стопираше производството во погоните на Daimler

145

Новиот недостиг на чипови на глобалниот пазар го принуди германскиот автомобилски гигант Daimler да го запре производството во три германски и еден унгарски погон.

Повеќе илјадници работници во погоните преминаа на модел на скратено работно време. Производството, исто така, е запрено и во фабрика на Daimler во Унгарија, а нема да почне со работа сè до средината на август.

Во текот на последните месеци во четири погони на фабриката во повеќе наврати го прекинуваа производството поради глобалниот недостиг на чипови.

Фото: Pexels