
Германскиот производител на автомобили Фолксваген (VW) го прекинува производството на два модели на електрични автомобили во својата фабрика во Емден, Долна Саксонија, изјави портпаролката на фабриката.
Производните линии беа прекинати во четвртокот, а се очекува да биде неактивен и понеделник, изјави портпаролката за ДПА.
Таа посочи дека им недостигаат електромотори за моделите на автомобили ID.4 и ID.7, но дека ќе продолжи производството на моделите Пасат и Артеон со мотори со внатрешно согорување.
“Запрено е само производството на електрични автомобили“, рече портпаролката.
Според неа, главната причина за недостигот на мотори се нарушувањата во синџирот на снабдување.
Поради недостиг на мотори, VW веќе најави прекин на производството во фабриката во Цвикау, која произведува само електрични автомобили.