Недвижностите на Алпите се побарани од кога било

126

Имотот за одмор во планините е повеќе баран од кога било пред почетокот на пандемијата на корона, а Алпите се особено популарни кај купувачите,  истакна претставникот на британската консултантска компанија за недвижнини Savills, Џереми Роласон.

Истражувањето меѓу меѓународните купувачи на недвижности, спроведено од конкурентната куќа “Најт Френк“ ги покажува истите резултати.

Додека 11 отсто размислувале да инвестираат во недвижен имот во скијачка област пред пандемијата, тој процент по пандемијата се зголемил на 18 отсто, објави Frankfurter Algemeinschaftung.

Весникот наведува дека овој тренд влијаел и на цените, така што во изминатите две години цените на недвижностите се зголемиле за повеќе од 20 отсто во познатите скијачки центри, особено, на пример, во Шамони во Франција за повеќе од 41 отсто и во Зас-Феу во Швајцарија за 34 проценти.

Фото: Pixabay