Негативни навики и мисли што ве спречуваат да успеете

26

Свесно или несвесно правиме некои работи што не ни одат во прилог. Честопати тоа се и непродуктивни мисли што само ни го одземаат времето и енергијата. Еве некои од нив.

Недоверба во себе

Неверувањето во себе и во сопствените способности е најголем непријател на успехот. Ако постојано мислите дека не ве бидува, немате доволно талент, не сте храбри за подвигот, никогаш нема да ги постигнете посакуваните цели во животот.

Песимизам

Добро е понекогаш да бидеме подготвени и за лоши сценарија. Сепак ако се фокусираме само на негативните исход, остануваме заглавени во моментот самите си поставуваме стапица.

Превземање преголема одговорност

Не секоја ситуација е во наши раце и не секогаш можеме да решиме се. Доколку сте од оние што сакаат да влијаат и онаму каде што е невозможно ризикувате преоптеретеност и ги губите шансите за успех.

Строго држење до принципи

Убаво е да се има сопствен став и вредности. Тоа не прави она што сме. Меѓутоа не треба слепо да се водиме од нив и да имаме негативно мислење за секој што не се согласува со нас. На тој начин би било многу тешко да се остварат соработки.

Желба да бидете сакани од сите

Не постои човек што сите го сакаат и почитуваат. И најомилените лидери имале свои противници и луѓе што не ги ценат. Отфрлете ја таа желба ако сакате да напредувате.

“Читање“ на мисли

Кога сакате нешто да дознаете прашајте. Не проектирајте сопствени интерпретации за нечии туѓи мисли, базирани на одредени гестикулации, погледи и слично.

Себезалажување

Во ред е понекогаш да се препуштите на некое моментално задоволство, без многу размислување. Но, тоа никако не смее да премине во навика. Таквите инстант задоволства најчесто имаат долгорочен негативен ефект. Парчето торта е превкусно, но ќе биде штетно ако претераме.