Неизвесно лето: 45% од патниците сè уште без резервација

Околу 45 проценти од патниците сè уште не ги резервирале своите дестинации за летен одмор, а причината е зголемената геополитичка неизвесност, објави германската туристичка компанија „TUI Group“.

Една од водечките светски туристички групи изјави дека потрошувачите ги одложуваат одлуките за патување поради несигурност поврзана со конфликтите на Блискиот Исток, што доведе до помала пополнетост на хотелите и туристички капацитет во споредба со претходната година, објави „NL Times“.

TUI очекува дека Шпанија и Грција ќе бидат најбараните дестинации ова лето, додека е забележано и зголемување на побарувачката за патување во Западниот Медитеран.