Нејзиното име е впишано во историјата – Која е Камала Харис прва жена потпретседател на САД

472

Победник на претседателските избори во САД е Џо Бајден, а на местото потпретседател за првпат ќе владее жена. Сенаторката од Калифорнија Камала Харис (56), испишува историја како прва жена, и тоа црномуреста и со имигрантско потекло.

Позната е по тоа што се залага за реформа на полицијата и ги подржа барањата на демонстрантите на простестите кои почнаа по убиството на невооружениот Афроамериканец Џорџ Флојд на 25 мај во Минеаполис.

Зошто ја одбра Бајден

Американските медиуми  претходно пишуваа кои се причините поради кои токму таа е одбрана за оваа функција.
Како прва причина се наведува тоа што ниедна обоена жена не била избрана на тоа место. Втората причина е тоа што Бајден е подготвен да ги слуша оние кои не се сложуваат или се против него, бидејќи таа често пати се спротивставуваше на некои негови ставови.

Претседателот Доналд Трамп беше изненаден што неговиот противкандидат Бајден ја избрал Камала Харис за своја кандидатка за потпретседател, бидејќи, како што изјави, таа била многу лоша кон Бајден за време на дебатите.

Фото: Facebook