Нека се намалат цените на суровините, ќе ги намалиме и ние цените на производите, порачува месната индустрија

72

Месната индустрија засега нема позитивен одговор од Владата во однос на барањето да се укинат увозните давачки за суровините, што би овозможило намалување на цените на крајните производи.

Како што рече денеска директорот на „Пекабеско”, Слободан Кутревски, за ова прашање било разговарано, но одговорот на надлежните е дека во моментов нема можност да се излезе во пресрет.

Сепак, тој се заблагодари за владината поддршка во однос на субвенционираната струја, нагласувајќи дека оваа мерка многу им помогнала.