Некогаш најголемата компанија во светот продадена за 14 милијарди долари

61

US Steel се согласи да биде продаден на Nippon Steel, најголемиот јапонски производител на челик, во договор вреден 14,1 милијарди долари.

Договорот го означува последниот чекор во постепеното опаѓање на легендарната 122-годишна фирма, која некогаш беше најголемата компанија на планетата. Тој беше еден од првите големи конгломерати и симбол на американската индустриска моќ.

Но,  веќе не е ниту најголемиот американски производител на челик, откако пред неколку години беше престигнат од Нукор Стил.

– Убедени сме дека оваа комбинација е навистина најдобра за сите. Денешното соопштение е од корист и за Соединетите Држави, обезбедувајќи конкурентна, домашна индустрија за челик додека го зајакнува нашето присуство на глобално ниво – изјави главниот извршен директор на US Steel, Дејвид Бурит.

Според условите на договорот, бизнисот со челик во САД ќе го задржи своето име и ќе продолжи да биде со седиште во Питсбург. Но, договорот сепак може да предизвика противење.