Неколку чекори за правилно делегирање

76

Менаџерите знаат дека не можат сè да завршат сами, а знаат и дека микроменаџирањето има лоши последици – никој не сака личност што премногу контролира.

Сепак, улогата на менаџерот е да ја распредели работата на тимот, но прашањето е како правилно и успешно да делегира.

Фокусот треба да биде ставен на следниве работи:

Тоа е дел од работата и важно за успехот

Добар дел од менаџерите не ги делегираат обврските од причина што се плашат. Не веруваат дека некој друг може добро и брзо да ја сработи задачата како тие самите. Стравуваат дека репутацијата ќе им биде загрозена ако личноста што ги презела обврските не се покаже во најдобро светло. Каков и да е проблемот, менаџерот треба да разбере дека делегирањето е дел од работата и важен елемент за успехот.

Паметно распределете ги обврските

Доколку се двоумите кои задачите треба да бидат делегирани, поставете си неколку прашања Дали некој друг може ова да го сработи место место мене? Што ме спречува да ја предадам обврската на друг? Ако јас не бев тука на кого ќе припаднеше овој проект?

Јасни очекувања од самиот почеток

Уште од почетокот тимот треба да знае како изгледа успехот и што е потребно за да се постигне. Исто така, треба да знаат и колку е важна секоја задача. Дали за некоја е потребно екстра време и за што треба навистина да се потрудат. Кога секој вработен знае што се бара, многу полесно ќе го исполни тоа.

Редовни проверки на тимот

Проверките не значат дека треба постојано да им “висите над глава“ на луѓето. Сето тоа треба да биде направено заедничко, да се дискутираат евентуалните проблеми, нејасни точки пред самиот крај на задачата. Тимот треба добро да знае што сè треба да се среди пред крајниот рок. Во ниеден случај менаџерот не треба да чека до последен момент за консултации и проверки.
Фото: Pexels