Во денешно време кога стартапите се прилично актуелни, корисно е да се знаат повеќе информации во врска со нивното работење. Еве само мал дел од нив:
Фото: Pixabay
Дури 94% од стартапите “еднорози” имаат основачи мажи. Само 6% се жени.
Калифорнија е дом на најуспешните стартапи, потоа следува Њујорк, а на трето место е Пекинг.
На европскиот континент, Лондон е градот со најголем број успешни стартапи.
Процентот на оние стартапи што достигнале милион долари приходи од прв пат е 60, додека 23% успеале од втор пат.
Оваа година 29 мега успешни стартапи ќе прослават 10 години постоење, 2007-та година беше година со најголем број на вакви компании.
Топ десетте највредни стартапи се наоѓаат во САД и Кина, по пет во секоја земја.
Моментално во САД има 144 стартапи еднорози, Кина брои 47, а Индија 10.
Сто и педесет компании имаат вредност помеѓу една и две милијарди долари, додека 16 бизниси вредат повеќе од 10 милијарди.
Највреден старт-ап во моментов е Uber со 62,5 милијарди долари.
Само една компанија од топ 10-те еднорози е стартувана во 90-тите. Тоа е Alibaba, старт-ап што започна со работа во 1999 година.
Извор Entrepreneur