Неколку корисни психолошки трикови

28

intervju

Фото: Pixabay

Постојат неколку основни психолошко – социолошки правила и трикови што можат да ни бидат од корист во различни прилики.

На пример…

Кога се претставувате некому потрудете се да ја запомните бојата на очите кај соговорникот. Информацијата најверојатно нема да ви биде потребна, но тоа е добра техника да воспоставите доволно долг поглед со очите и тоа да биде протолкувано како пријателски чин.

Поставеноста на нозете открива што мислат луѓето. Ако телата на соговорниците се свртени еден кон друг, а нозете не се во таа положба, тоа укажува дека разговорот не се одвива по нивна желба.

Кога група луѓе се смеат истовремено, секој инстинктивно ќе погледне во оној што го чувствува најблизок во толпата.

Луѓето најдобро ја помнат првата и последната работа што ќе се случи, додека тоа што е на средината останува незапаметено. Така на пример, ако одите на интервју за работа или треба да нудите/презентирате нешто, доколку имате шанса потрудете се да бидете први или последни во низата.

Кога некого ќе замолите за мала услуга, големи се шансите на таа личност да ѝ станете симпатични.

Не ја потценувајте моќта на тишината. Напротив, кога некој ќе даде одговор што не ви се допаѓа, упорно гледајте во соговорникот и не зборувајте ништо. Така тој/таа ќе почувствуваат притисок и ќе продолжат да зборуваат и откриваат малку повеќе.

Ракување со топли раце ве прави подопадливи за другите, затоа потрудете се рацете да не ви бидат премногу ладни кога прв пат запознавате некого.

Најдобар начин нешто да научите е истото да го објаснувате на некој друг. Доколку учите нови вештини или знаења најдете “жртва” што ќе ве слуша додека зборувате.