Неколку мудри мисли за парите

1389

Кога ќе се споменат пари секогаш фалат, не се доволно и без разлика колку и да има еден човек на својата сметка смета дека може да има уште повеќе.

Сепак, не треба да заборавиме дека парите се само средство со коешто можеме да ги купиме потребните работи, да отпатуваме на некое место, да подмириме одреден долг.

Следните мудри мисли се наменети за сите оние кои мислат дека немаат, дека им фалат и за оние кои не знаат како да управуваат со парите.

Купувајте кога сите други продаваат и воздржете се кога останатите купуваат. Тоа е суштината на успешното инвестирање.

Парите растат на дрвото на упорноста. 

Богатството не е во тоа да имаш многу пари, туку да можеш да одбираш од повеќе опции.

Парите мудро се привлекуваат, не се “бркаат“.

Не е суштината во тоа колку пари имате, туку во тоа колку можете да зачувате, колку парите “работат“ за вас и дали ќе обезбедите и за идните генерации.

Има огромна разлика помеѓу заработката на голема супа на пари и да се биде богат човек.

Добро е да се има пари и нешта што парите можат да ги купат. Но исто така е добро, одвреме навреме да проверувате дали сè уште ги имате оние работи што не се купуваат со пари.

За да умеете да управувате со парите треба да знаете што поседувате и зошто истото го имате.

Многумина мислат дека не знаат како да заработат пари, но она што всушност не го знаат е како истите паметно да ги искористат.

Фото: Pixabay