Неколку невистини за лидерството

28

Кој е лидер и како се дефинира лидерството се прашања што често бараат одговор. Но, зад одредени дефиниции понекогаш стојат и невистини, а ова се неколку од најчестите.

Секој претприемач е лидер

Дури и ако сте основач на бизнис и имате своја компанија не значи дека поседувате лидерски способности. Една од најголемите невистини е дека секој претприемач е лидер. Лидерството не врзано со функција, тоа треба да се заслужи врз основа на инспирација што една личност им ја дава на другите да бидат подобри луѓе. Колку и да сте на висока позиција во некоја организација, ако немате искрени следбеници не можете да се наречете лидер.

Лидерите не смеат да покажат емоции

Сосема е неточно тврдењето дека лидерите не треба да покажуваат емоции. Тие се луѓе кои си ги признаваат своите грешки и не се плашат од критика и кога е негативна. Лидерите со тоа ја покажуваат својата човечност, заедно со грижата за останатите во тимот.

Лидерите постојано мора да бидат достапни

Никој нема способност да работи 24/7 и да биде цело време достапен за сите. Најдобрите лидери наоѓаат време за себе, да ги наполнат батериите за да можат подобро да одговорат на работните предизвици.

Екстровертните луѓе се подобри лидери

Најголемите разлика помеѓу интровертните е екстровертните луѓе е во начинот на којшто ги примаат и обработуваат податоците. Есктровертните тоа го прават преку отворена комуникација со луѓе, додека интровертните размислуваат “во себе“. Сепак, и покрај популарното верување има многу интровертни луѓе кои се одлични лидери… Ворен Бафет, Бил Гејтс и Мариса Маер се само неколку од познатите светски имиња со низа следбеници.

Фото: Pexels